Петар Печков
Објавено: четврток, 03 февруари 2022
Невообичаена изложба од денес па до понеделник е поставена пред домот на починатиот велешки уметник Ангел Петров. Таа е во чест и сеќавање на Гоце Делчев, кој беше често мотив во портретите на уметникот.
„Изложбата е во чест на 150 годишнината од раѓањето на Делчев. Поставените портрети се дело на Ангел Петров, работени во различни техники - масло, пастел, туш, молив им комбинирана техника“- соопштија од фондацијата Ангел Петров.
Изложбата ќе биде поставена до 7-ми февруари на ул. Архиепископ Михаил бр. 11. позади хотелот Интернационал.
Академски сликар Ангел Петров 22 август 1933 Велес - 4 јули 2020 Велес
Tweet |