речник контакт

Изложба на скулптура и акварел на татко и син Димовски

Во Ликовниот салон во Велес е отворена заедничка изложба на академскиот скулптор Ангел Димовски Чауш и на неговиот син, ликовниот уметник Стефан Димовски

Петар Печков

На изложбата се презентирани 30-тина дела, скулптури на Ангел Димовски Чауш работени од 1971 до 2014 година работени  во дрво, мермер бронза и алуминиум.

За неговото творештво говореше историчарот на уметноста Дора Андова Фотева, која го окарактеризира како  современ македонски скулптор, доследен, истраен и расен мајстор на своето дело.

- Тој е успешен, инвентивен и целосно посветен на уметноста што ја избрал за своја професионална определба. Во неа ги идентификува своите уметнички пориви, фасцинации и принципи, давајќи засебен изведбен белег, нова димензија, простор и пластичен израз,потенцира Андова Фотева.

Таа појасни дека неговиот антропоморфен и зооморфен имагинарен свет  во неговото творештво се темели на внимателна анализа и транформација на мотивската преокупација, како и на прецизни и јасно детерминирани форми и облици на фигуралните престави кои се прочистени, заоблени, кружни, волуминозни, ритмички извајани во разни модификации на фигуративниот  асоцијативен антропоморфизам.

На изложбата се претставени и 30-тина дела акварели на неговиот син академскиот уметник Стефан Димовски. И неговото творештво на отварањето на изложбата го појасни истичарот на уметноста Дора Андова Фотева.

Стефан Димовски е млад автор даровит и љубопитен,кој низа години со засебна љубов и непресушна енергија го негува акварелот како посебна ликовна дисциплина која станува негова творечка преокупација, рече Андова Фотева.

Тематската определба на пејсажи инспирирани од убавината на Азурниот брег и женското тело преточени во акварели нудат една успешна ликовна приказна исткаенасо сегменти од опкружувањето,така што во неговите ликовни творби е читлива една засебна лирска нарација.Тоа се дела со различни мотиви како пејсажи и серија на градби,дела  насловени како импресии од Франција и женски актови кои уметникот ги претставил на свој начин во комбинација на акварелот со колаж и други техники, појасни Дора Андова Фотева за делата на младиот сликар Стефан Димовски

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »