Петар Печков
Објавено: среда, 21 октомври 2026
Изложба на босанскиот уметник Амер Хаџиќ, „Бетон, меморија, поп -икони“ е поставена во Ликовниот салон во Велес. Таа нуди можност на запознавање со специфичниот ликовен израз на авторот со неговиот начин на поврзување на традиционалното и современото. Преку своите дела, Хаџиќ го истражува односот меѓу урбаниот простор, архитектонското наследство и симболите на популарната култура.
„Напуштените градски амбиенти, трагите на времето и препознатливите ликови од современата визуелна култура се среќаваат во дела што отвораат прашања за меморијата, идентитетот и општеството во кое живееме. Познатите јунаци од нечие секојдневие, Снупи, Пинокио, Мики Маус, преку поп-артот се нацртани надвор од нивниот живот, на ѕидовите кои постојат во Сараево, на овие дела изложени тука“ – кажа Јаким Зимоски директор на Музеј галерија на Кавадарци, институција која ја донесе изложбата во Македонија.
Поставката се состои од 28 дела изработени во техники масло и акрил на платно. Иако Амер Хаџиќ е автор на 38 годишна возраст, член Академијата на БиХ на науки и уметности, работи како професор на Ликовната академија во Сараево. Изложбата претходно беше поставена во Музеј галеријата на Кавадарци.
| Tweet |












