речник контакт

Изложба на фотографии на Македонски спортистки, дело на Маја Аргакијева

Изложбата е поствена во Еurope House Veles

Петар Печков

Изложба на спортски фотографии „Жената во спортот“ на Маја Аргакијева е отворена во  Јуроп Хаус Велес. На фотографиите се  девет македоснкии девојки, жени, спортистки, кои преку  нивните достигнувања и посветеност се синоними за трите олимписки вредност- извонредност, почит и пријателство.

Изложбата е поставена во пресрет на Олимписките игри, кои летово ќе се одржат. На фотографиите се девет успешни македонски спортистки Арбреса Реџепи – џудо, Ана Марија Ѓорѓиевска – таеквондо, Дрита Исамили –атлетика, Поликсенија Јовановска – карате, Ана Цветановска – нордиско скијање, Катерина Николовска – џудо, Мирјана Рељиќ – такевондо, Ива Пројкоска фудбалска судијка,Наташа Мешковска- пливање .  

Изложбата  е во организација на Амбасадата на Франција и Францускиот институт, во партнерство со Амбасадата на Грција, Олимпискиот комитет на Македонија.  Изложбата е отворена до 22 мај во просториите на Еurope House Veles.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »