Петар Печков
Објавено: понеделник, 28 декември 2015
Членовите на Медиа/Арт клубот при Младинскиот Образовен Форум во Велес организираа завршен настан од модулот „Фотографија“ насловен „Шимшир порти затворени“.
Целата на завршниот настан беше да се наученото од предавањата и вежбите да се покажат во пракса преку изработени фотографии, кои носат одредена порака.
Младите членови речиси еден месец ги фотографираа стари градби низ Велес со најавтентични порти кои се симбол на сите затворени врати кои ги имаме во општеството и во институциите -изјaви Стефан Каракачанов, координаторот на изложбата
На изложба се презентирани триесетина фотографии, кои ги изработија двесетина членови на Медиа/Арт клубот од Велес.
Tweet |