Петар Печков
Објавено: петок, 28 јули 2023
Во Музејот на град Неготино се отвори изложба на четворица еминентни ликовни уметници од Велес, Живко Пренџов, Спасе Перовски, Илко Стојановски и Александар Јовановски.
Тие творат во различни ликовни правци, препознатливи по нивното творештво, чија заедничка компонента е што се целосно вклучени во модерната ликовна клима и кои преку заедничката изложба даваат можност за едно ретко ликовно доживување.
„Изложбата во својата концепција има за цел да ја презентира силината и индивидуалноста на ликовниот ракопис на секој од авторите, сликарите Живко Пренџов, Александар Јовановски Мијак и Спасе Перовски кои работат сликарски и графички техники, како и единствениот скулптор меѓу авторите, Илко Стојановски, автори кои преку својата активност веќе се препознатливи и пошироко во регионот на меѓународен план, кои преку своите изложби и учества на бројни колонии, во земјава и надвор од земјава, ја промовираат македонската ликовна култура“ - кажа Драгица Чекорова директорка на Музеј на град Неготино.
Изложбата е дел од културното лето ,,Неготино 2023", во соработка со Музеј на град Неготино и Народен Музеј - Велес. Куратор на изложбата е Елица Николова од Народен музеј Велес.
Tweet |