Петар Печков
Објавено: среда, 24 април 2013
Одбележувањето на Денот на планетата Земја 22 април се одржа Детската Градинка во Велес, во клон 2 , кај Жаба зграда. Преку изложбата ,,Од отпад изложба правиме- денот на нашата планета го славиме,, најмладите од градот сакаат да сигнат до Зеленото еко знаме, кое се доделува на републичко ниво.
Оваа манифестација е посветена на екологијата и на Планетата Земја. Преку целата година децата учат да штедат енергија, вода,се уредуваат дворните површини. Собираме и селектираме отпаден материјал и така кај најмладите ја подигаме свеста. На дел од него му дадовме живот и ги создадовме овие дела со кој се претставуваме пред јавноста, родителите на децата и сите гости - рече Анида Цецева директорка на Детските градинки од Велес.
Изложбата беше подготвена од стара пластика, хартија, тетрапак. Настанот беше збогатен и со настап на дечињата од средните групи од сите објекти. Тие пееја песни за Планетата Земја, за екологијата. Влезница за овој настан беше секој посетител да донесе пластично шише а собраните количества ќе се продадат а со собраните средства ќе се купат боички, фломастери.
Tweet |