речник контакт

Изложба „Работ на зборовите“ во Европската куќа во Велес (фото)

Автори на делата се шестмина уметници

Петар Печков

Во Европската куќа во Велес, како нов простор за одржување на културни настани, вчеравечер беше отворена изложбата „Работ на зборовите“ Таа се занимава со јазикот, неговите капацитети и граници и е посветена на 100 годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов.

„Уметноста и зборот се две нишки кои ја ткаат и создаваат културата на едно општество. Токму оваа изложба ја разгледува оваа врска“- кажа кураторот на изложбата Бојан Георгиевски.   

Шестмина уметници се претставуваат со нивни видувања на зборовите како дел од јазикот, како алатки за комуникација, како средство за образование, но и на комуникацијата која ги надминува зборовите.  Автори на делата се Славица Јанешлиева, Оливер Мусовиќ, Нехат Бекири, Александра Петрушевска-Ристовска, Анета Попова и Стефан Младеновски кои ги истражуваат капацитетите и границите на јазикот како средство за изразување.

На отворањето на изложбата беше и евро амбасадорот Дејвид Гир и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Изложбата ќе биде отворена до 22 септември.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »