речник контакт

Изложбата ,,Кумановски графичари,, пред велешката јавност

Претставени се 13 дела од 13 автори, од различни генерации

Петар Печков

Вчеравечер   во Ликовниот салон во Велес  беше отворена   биеналната изложба на графики “Кумановски графичари 2018“. На изложбата се претставени 13 дела од 13 графичари. Осмото издание на биеналната изложба “Кумановски графичари 2018“ претставува обид на организаторот на оваа изложба, НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, да овозможи континуитет во презентирањето на најновото графичко творештво од Куманово.

Тринаесетте автори вклучени во овој проект се, на некој начин репрезент на моменталната состојба во локалното графичко творештво и даваат јасен пресек на нивото и во авторска и во техничка смисла. Во таа насока, вклученоста на автори од повеќе генерации говори дека нишката на континуитетот не е прекината. Иако се чувствува огромното влијание на дигиталната технологија и свртувањето кон компјутерската графика како тренд којшто допрва ќе доминира во овој сегмент на визуелниот израз, сепак, присутни се (и доминантни) класичните графички техники - рече  Анита Василкова Мидоска, директор на велешкиот музеј.  

Публиката  има можност овој пат, покрај веќе докажаните авторски имиња, да запознае и некои нови коишто допрва ќе се обидат да остават траги на македонската ликовна сцена. Тоа се студенти кои нудат интересни уметнички изрази. Претставени се дела на графичарите: Зоран Јакимовски, Мирослава Цветковиќ, Стефан Јакимовски, Ханифе Ислами, Милена Арсовска, Валентина Илијевска, Наим Идризи, Симона Јакимовска, Ана Јовановска, Елеонора Накевска, Сандра Симоновска, Марио Стошевски и Дејвид Стоилковски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »