Петар Печков
Објавено: петок, 01 ноември 2024
Во Европската куќа во Велес, отворена е изложба на дела на Славица Купенкова. Изложбата насловена „Визуелни таписерии“ а делата се поделени на три теми. Има дела работени во традиционална техника – со јаглен, дела работени во акрил, дигитални портрети и стрипови.
„Делата работени со јаглен - актови, ја покажуваат жената, женската сила, женската моќ, женственоста. И кај делата работени во акрил доминира жената, преку нејзината фаталност, нејзиното мајчинство, преку урбаните звуци. Работам дигитално сликарство“ – кажа Купенкова.
Нејзините почетоци се во стрип уметноста, со стрипот „Училишните авантури на Јан“. Таа е и автор на стрипот „Одисеја“ кој е меѓународно награден. Купенкова црта илустрации за детските списанија „Росица“ и „Другарче“.
Нејзиниот следен план е издавање на стрип книга, графички роман, инспириран од нејзиниот син, за мајка која животните лекции ги дава преку цртежи.
Изложбата ќе биде отворена до 11.11
Tweet |