Петар Печков
Објавено: петок, 06 април 2012
Во Музејот на град Скопје отворена е изложбата ,,Велес низ минатото,,. Откако изложбата постигна рекордне посетеност во Велес, за неа интерес покажаа и скопјани. Автори се Марјан Клифов и Павлина Василева од Народниот музеј. Тие една година работеле на собирање на фотографиите за тие да бидат пред очите на јавноста, некои и за прв пат по многу години.
Повеќето фотографии се од нашата документација, неколку се симнати од интернет. За време на подготовките разговаравме со повеќе луѓе со цел да бидат што поверодостојни податоците. За жал иако можат, граѓаните не донирале ниту една фотографија а тврдат јас имам поубава, подобра, постара, поинтересна. Собрани се од првиот директор на музејот Груев и од колегата Ицков Трајче - вели Палина Василева виш кустос.
Фотографиите се поделени од повеќе периоди, при крајот на 19-тиот век, од економската обнова на градот, неговиот развој. Изложбата потоа ќе продолжи во кавадарци.
Tweet |