речник контакт

Изложени илјада јајца на манифестацијата Велигденско јајце ( фото)

Собраните средства за велигденски ручек за корисниците од народната кујна. Имаше јајца и од Сомбор, Ужице, Слобозија, Свиштов, Пустец и Новогард. Настанот низ фото галерија

Петар Печков

Повеќе од илјада јајца беа изложени и продадени на манифестацијата ,,Велигденско јајце,, кој се одржа во Младинскиот парк во Велес. Настанот имаше хуманитарен карактер а беше организиран од општина Велес, трета година по ред.

Собраните средства од продажбата на јајца се наменети за народната кујна од Велес. На овој начин за социјално ранливите категории наши сограѓани, сакаме да им обезбедиме посебен Велигденски ручек, но и да им испратиме порака дека не се заборавени – изјави градоначалникот Славчо Чадиев. 

На манифестацијата имаше 24 штандови   и учествува учениците од општинските основни и средни училишта, Ученичкиот дом „Лазар Лазаревски“, Државното училиште за деца со посебни потреби „Маца Овачарова“, Детската градинка „Димче Мирчев“ и членови на Здружението на лица со церебрална парализа. Со продажни штандови на манифестацијата за прв пат  учествуваше и Активот на жените пензионерки и Организација на жени од Велес и гостите од Пробиштип..

Годинава манифестацијата имаше и меѓународен карактер, имаше гости од Ужице и Сомбор – Србија, Свиштов- Бугарија, Слобозија -Романија, Новогард  - Полска и Пустец  -Албанија.  И тие подготвија велигденски јајца, но и домашни специјалитети кои ги продаваа а велешани со голем интерес ги купија.  На Како дел од манифестацијата се организираше натпревар во кршење на вапсаните јајца, каде победија гостите од  Ужице.    

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »