Петар Печков
Објавено: петок, 27 март 2020
Министерот за здравство Венко Филипче вообичаено, на пладне преку ФБ информираше за состојбата во земјава со корона вирусот. Во Велес нема нови случаи, остануваат трите констатирани во средата. .
Во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на корона вирус во земјата. По градови: Скопје (11), Прилеп (4), Куманово (2), Тетово (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12 часот изнесува 219 лица - напиша Филипче. Така Велес останува со три заразени лица, откриени во средата
Неофицијалните информации со кој располага ТрМр е дека сите доктори и медицински сестри од ЈЗУ Општа Болница Велес кои биле тестирани, а по контактот со едно од заболените лица, резултатите се негативни.
Но изненадува молкот на министерот Филипче на прашањата од велешката јавност, каде се наоѓаат, каде се сместени заболените лица, како им е пренесен корона вирусот, каква е нивната меѓусебна поврзаност, колку лица се тестирани во Велес а биле во контакт со заболените.
Tweet |