Петар Печков
Објавено: понеделник, 09 декември 2013
Во 8-то коло од првата женска одбојкарска лига во Велес екипата на Борец Брако неочекувано го совлада фаворитот екипата на Работнички од Скопје. И тоо со максимален резултат од 3:0 (25,22,18).
Гостинките иако беа фаворит според пласманот и резултатите, младите велешки одбојкари се надминаа себе и неочекувано, но наполно заслужено славеа. На крајот со уверлив резултат.
По ова 8-то коло, Борец Брако со две победи е шести на табелата од осум екипи. Тие победија и минатата седмица дома против штипска УГД.
Tweet |