речник контакт

Изработена нова стратегија за транспарентност

Има државни институции кои се отчетни и други кои се неми на барањата од јавноста. По завршувањето на јавната расправа за отвореност кон јавноста,учесниците заборавија што говореа па транспарентност одбија да дадат изјави пред камери

Петар Печков

Транспарентноста на државните институции, Владата, министерствата, јавните претпријатија, агенциите, инспекциите,  се меѓународно поставени стандарди.  Тоа е обврска кон граѓаните, за тие да ја доживуваат како отчетни, за тоа што го работат а трошат народни пари.  Ова беше кажано на втората јавна расправа по нацрт документот за стратегијата за транспарентност, одржан во Велес.

„Во самата стратегија, се што е предвидено, не е само да се каже дека  ќе придонесе за транспарентноста, туку всадување во една нова култура, со која транспарентноста станува цел сама по себе. Односно стандард и механизам на работа“ кажа Ирена Бојаџиевска од работната група за изработка на стратегијата за транспарентност.

Документот е изработен од работна група, составена од експерти од оваа област.

Целта на Владата со новата стратегија е да постигне повисоко ниво на транспарентност и одржлива свест и кај носителите на функции и кај вработените во институциите за значењето на отвореноста пред граѓаните.

„Факт е дека транспарентноста на институциите е значително подобрена, споредено со претходниот период. Тоа се доли на   определба за  воспоставување на механизми , носење на соодветна легислатива,  развивање и споделување на политики, како и формални и неформални групи кои работат за тие цели“ - рече министерката за добро владеење,    Славица Грковска.

Министерката побара дополнителни сугестии, кои веднаш беа испорачани од дел од присутните. Така Здружението на новинари на Македонија предложи да се вреднуваат државните институции кои се најотчетни, секој месец да добиваат некакво вид на признание, но и тие што се неми на прашањата од јавноста да бидат посочени.

По завршувањето на оваа јавна расправа, на која два часа се дебатираше за транспарентноста, ниту еден од соговорниците не сакаше да даде изјава пред камера  за настанот и темата отвореност кон јавноста. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »