Петар Печков
Објавено: понеделник, 26 април 2021
Откако изминатите денови, на подрачјето на Велес, беа уапсени државјани на Косово, Србија, денес државјанин на Албанија е фатен како превезувал илегално мигранти.
„Денес, понеделник околу 10.30 часот на автопатот А1, делница Градско - наплатна станица „Отовица", пред место викано „Дервенски мост", полициски службеници од СВР Велес запреле комбе, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(37) од Република Албанија. Возачот се обидел да избега, но веднаш бил фатен и лишен од слобода, а по преглед во возилото биле пронајдени 21 лице – мигранти од Пакистан и Индија- соопштија од МВР. За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, од полицијата најавуваат дека против А.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Tweet |