Петар Печков
Објавено: сабота, 12 септември 2020
Седмиот Куп во далечинско пливање, се одржа денес на езеро Младост, во скромен обем, помал број учесници и на пократка патека. Причина пандемијата на ковид-19.Ова беше и финале од годишаниот Куп во далечинско пливање.
За севкупни победници по повеќето испливани категории по возраст, Пливачката федерација ги прогласи Александар Илиевски, член на пливачкиот клуб „Нептун“ од Скопје и во женска конкуренција Јана Костандиовска од пливачки клуб „Нептун“. Тие пливаа на патеката во должина од 2,5 км.
Севкупниот победник, по четирите одржани куп натпревари во далечинско пливање (Крушевско, Охридско, Мавровско и езеро Младост), ќе биде познат подоцна а признанието на победникот ќе му биде врачено во Скопје.
Организатор беше Здружението за спорт и рекреација „Клуб 28", финансиски поддржано од Општина Велес.
Tweet |