речник контакт

Илија Јанев еден од првите рок музичари во Велес

Составот Рубико, кој жарел и палел по велешките локали. Тие биле и состав кој се бавел исклучиво со музика, биле регистрирани во естрада и од тоа живееле

Петар Печков

Илија Јанев, како и дел од музичарите на велешката сцена од нејзините почетоци, не живее долги години во Велес. Тој е во Австралија, но секое доаѓање во родниот град е можност за присетување на времињата кога беа главни кај тогашните млади  сограѓани. Тој е дел од првиот професионален ансамбл во Велес ,,Рубико,, кој свирел на крајот од 60-тите и  почетокот на 70-тите. Ја имале и моќната Ружица со нејзиниот одличен глас, родена стружанка, мажена во Велес.

Групата беше во состав бас гитара свиреше Ружица од Струга, Крсто Џгуров беше член, Орце Р`жаров и ја Илија тогаш се префрлив  да чукам на тапани. Свиревме тогаш модерна музика,  хитови од тоа време, одев во Германија кај брат ми купував одела, цело Скопје идеше на мотелот во Велес да не слуша, да слуша модерна музика. Зимно време се чекаше на минус да се влезе во мотелот. Покрај Ружица, која некој Русин ја слушна не поканија таму да свириме, не отидовме. 10-15 години свиревме заедно. Дури и ресторанот во Неготино го крстија по нас Рубико – се присетува Илија Јанев. 

Неговите почетоци  со музиката се во  првото музичко училиште во Македонија, кое е оформено во Велес, над Стар мост виолина кај професор Попевски, па продолжил на труба кај Танго. Групата Рубико била првата професионална која се бавела и живеела од музика, биле регистрирани и во естрада.

Да кажам дека хитот  Палома бланка ние први го свиревме, на радио не беше пуштена, ние веќе ја изгустиравме. Каков хит  беше тоа, па после тоа на радио Скопје и на телевизија го пуштија. Од брат ми зимав снимки, плочи од Германија да ги учиме и да ги свириме и пееме. Не облекуваа најмодерно  во Македонка во Штип, одела, кошули, ни шиеја. Игла немаше  каде да падне во мотелот, колку бевме популарни.  Таму  доаѓаа на забава Сашка Петковска Даниела Панчетовиќ. Свиревме на модни ревии. Имаме настапувано и со Ѓорѓе Марјановиќ  во Ужице – вели Јанев.  Се присетува и на репертоарот, за кого се свиреле.

Ние бевме регистрирани во естрада. Свиревме на 30 годишна возраст. Свиревме по матурски, репертоарот беше стандарден, песни од  фестивалот Опатија,  од Белградско пролеќе, Скопски фестивал. Свиревме повеќе години  во Супетар на Брач. Едно време со нас беше и саксофонистот Петар Каргов. Свиреа тогаш и Триумфи, Лебеди тие свиреа по игранки – вели Илија. 

Негова прва група била  Академик, во која членувале тој како тапанар, Љубомир Босилков, Трајче Органџиев, Германецот Еди некаде на крајот од 60-тите. Свиреле на мотелот на Интернационал, како група.Се растуриле бргу, а во Германија  заминале Органџиев  и Босилков.

 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »