Петар Печков
Објавено: вторник, 10 март 2026
Еден податок, за бројот на починати во пожарите во велешко, Велес заедно со Богомила и Градско лани, има две различни информации. Од ТППЕ Велес велат нема починати, од СВР Велес има.
И од оваа институција, полицијата, доаѓаат два различни податоци. Од извештајот за работа во минатата 2025 година, има информација дека има еден починат и тоа во куќа „еден пожар со смртни последици во куќа“. Најверојатно ова се однесува на пожарот од 5 февруари во село Бистрица. Иако таму ни по седум дена детална претрага од страна на полицијата во пепелта од остатоците, не беа пронајдени човечки остатоци, жената која живеела во куќата -Марија се води како исчезната бидејќи и по година дена ја нема, ниту е заведена како почината во книгата на умрени.
На поставеното прашање до СВР колку жртви во пожари има лани, одгворот беше „пријавен е еден кривично правен настан пожар со смртни последици. Пожарот настанал на товарно возило на 15.03.2025 година на автопатот Велес-Скопје, на место викано „Премин Кула“.
Сведоци на пожарот, тогаш за ТрМр кажаа „возачот на камионот излезе од возилото, се обиде да го изгасне огнот и потоа го снема“. Бил пронајден во близина на камионот а лекар од Итната помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
Според ПС Велес лани на територијата на Велешко имало 78 пожари и седум опожарени автомобили. Наспроти тоа од ТППЕ Велес регистрирани се 14 опожарени автомобили
| Tweet |




