речник контакт

Има ли хорор и секс во приказните на браќата Грим

Писателот Стивен Ивенс го истражувал извртениот свет на овие сказни кои иако се за добра ноќ, исполнети се со насилство, канибализам, осакатување, инфантицид и инцест

Петар Печков

Колку пати сте се обиделе да ублажите некој збор, или да избегнете некој детал од приказните на браќата Грим, за да не го преплашите вашето дете?Писателот Стивен Еванс го истражувал извртениот свет на сказните на браќата Грим, кои иако се сказни за добра ноќ се испонети со насилство, канибализам, осакатување, инфантицид и инцест, објави Би-би-си.

Познатите приказни за деца на браќата Грим во нивната оригинална верзија се преполни со насилство и хорор. Во сказната за Снежана маќеата го бара срцето на малечкото девојче. Зад слатките наслови на овие сказни лежат црни приказни за секс и насилство, смета Еванс.
Според него тие се далеку од се што денес можеме да го замислиме или прифатиме. Ако по некој случај настанале како видео-игрите, сигурно би добиле забрана за дистрибуција, вели тој.
Марија Татар, професорка по германски фолклор и митологија на Харвард, тврди дека оригиналите биле многу далеку од современите, адаптирани верзии на приказните.

Не биле политички коректни. Преполни се со секс и насилство. Во Снежана маќеата го бара срцето на малото девојче. Таа има само седум години и ловецот ја одведува во шумата. Тоа е застрашувачки. Злобната маќеа е натерана да танцува до смрт во вжештени црвени оловни чевли. Во Пепелашка, на злобните полусестри им биле исечени ножните прсти и петите, наведува Татар.

Според неа, јасно е дека многу деца уживаат во застрашувачките детали, а дека родителите ги избегнуваат. Некои родители избегнуваат да ја читаат Пепелашка на своите деца, сметајќи дека е лош модел за децата, бидејќи по цели денови врши само домашни работи.Сказните за крвопролевање и сексуалност, Џон Апдајк ги нарекол порнографија за деца.

Не можам да ги следам сите современи верзии на Снежана. Не се работи само за продукцијата на Дизни. Филмаџиите работат верзии само за возрасни извлекувајќи од нив акцент на перверзна сексуалност, вели американскиот писател.
Јакоб и Вилхелм Грим пишувале во поинаков свет. Живееле во гратчето Касел во Германија каде студирале право и книжевност и напишале над 150 сказни кои ги објавиле од 1812 до 1814 година.

Некои од нив се заборавени, но некои како Црвенкапа, Пепелашка, Јованче и Марика и Снежана, станаа дел од репертоарот на сказни за деца, па се чинат безвременски.
Со тек на годините доживеале трансформација во безбројни адаптации: Дизни ги ублажил, ликовите се појавуваат во стрипови, филмови, а писателите со секое пишување по малку ги изменувале.

Во родното гратче на браќата Грим во тек е изложба на оригинални публикации на сказните и други нивни дела.

Постои и дел од изложбата на кој стои предупредување дека малолетници немаат пристап. Во тој дел на изложбата, зад тешка завеса, возрасните посетители можат да прочитаат најнасилни исечоци од сказните.
Една од авторките на изложбата Лујза Денч, смета дека токму тие скриени делови покажуваат дека доброто триумфира над злото, кое на крај секогаш е казнето и поразено.

Постои добро и постои и зло и за тоа нема дилема. Тоа е многу разбирливо за децата. Јасно е, доброто секогаш победува и тоа е најважната порака – рече кустосот, која смета дека сказните ја задржале привлечноста низ вековите, поради оставање на простор за надоградба. Ако некој ви чита, мозокот ги пополнува празнините. Тоа е дел од магијата на сказните – објасни таа.
Еванс на крајот заклучува дека сказните на браќата Грим се исклучително мрачни, но и возбудливи, како и тоа дека наспроти насилните делови, ќе преживеат и следните двеста години.

Тие се приказни за доброто и злото, во кои лажењето и измамите се казнуваат, тешката чесна работа е наградена, договорите мора да се почитуваат, а од непознатите треба да се чуваме, анализира Еванс.
Сепак, според него, нивната вечна привлечност не е благодарение на тоа. Тој смета дека моралните податоци никогаш не ја забавувале публиката, но црните и напнатите приказни со неизвесен крај, сосема сигурно го држат вниманието.

Овие сказни ни пружаат сценарио – што ако: Што ако се случи токму најлошата работа која можеме да ја замислиме? Но, сценаријата сепак се ублажени со текот на времето, бидејќи почнуваат со сентенцата: “Некогаш одамна“, а завршуваат со: “Живееја среќно до крајот на животот“, заклучува писателот Ивенс.

  текстот е преземен од Би-Би-Си

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »