Петар Печков
Објавено: среда, 14 јануари 2009
И градот и државата можат да имаат корист од процесот отстранување на тешките метали од земјата во Велес, доколку се користи маслодајната репка. Таа ги апсорбира оловото, цинкот и кадмиумот а потоа може да се користи за био-гориво, кое велешката Маслодајна најавува дека ќе го произведува, токму од малсодајната репка, која може да послужи како суровина. Ова е надеж за велешани дека можат да живеат во здрава и чиста животна средина. Овие оптимистички најави доаѓаат откако стручњаците ја обелоденија нивната двегодишна работа на процесот на фиторемедијација - отстранување на тешките метали од почвата. За нив иднината на градот зависи од деконтаминацијата на теренот, кој е загаден со три децениското работење на Топилницата.
- Резултатите покажаа дека, растенијата што ги засадивме покрај тоа што ја чистат почвата, ја заштитуваат животната средина и остануваат во функција на земјоделското производтсво, па така маслодајната репка може да се употребува и за био-гориво. За илустрација кадмиумот во почвата е исчистен до 77 отсто, споредбено со претходната состојба и успеавме да извлечеме и до две третини од тешките метали од земјата. Тоа дава надеж дека со фиторемедијација тие можат да се отстранат од велешката почва – изјави Татјана Прентовиќ професорка на Земјоделскиот факултет во Скопје.
Пред две години на две локации во градот, во ОУ „Васил Главинов“ и кај МИ „Брако“ беа засадени луцерка, бела детелина и маслодајна репка. По завршувањето на истражувањето, констатирано е дека со помош на овие култури, во голема мерка количествата на кадмиумот, цинкот и оловото е намалено. Според стручњаците фиторемедијацијата е најефтин биолошки процес со кој се чисти загадената почва иако за тоа е потребно подолго време. Но за да се исчисти почвата потребо е да се отстрани и емитерот на загадувањето, ридот со оловно-цинова згура над Топилницата.
- Ако не се тргне депонијата со згура од Велес, таа постојано ќе ја загадува атмосферата, а преку почвата и подземните води со тешки метали, па фиторемедијацијата нема да го даде очекуваниот резултат - вели Татјана Миткова, професор на Факултетот за земјоделство. Таа заедно со професорката Прентовиќ за прв пат во Македонија го спроведоа процесот на фиторемедијација и втор пат на Балканот, претходно слично се работело во Србија. Но досега сработеното е сиболично и во рамките на пилот проект во кој државата вложи скормни 100 илјади денари.
За да се отстранат тешките метали, кои во земјата во велешко ги има до половина метар потребно е многу повеќе пари. Државата најавува дека таа ќе помогне во обезбедувањето на здрава и чиста животна средина. Градот пак преку неодамна поднесената тужба против државата бара таа да изврши отстранување на загадената почва со тешки метали од јавните и земјоделски површини во градот, како и дислоцирање на ридот со јаловина кој зафаќа 1,2 милиони тони згура.

Tweet |