речник контакт

Имаше или не утрово 9 јули земјотрес во Велес

Надлежните официјални институции не регистрирале потрес во Велес утрово на 9 јули

Петар Печков

Во информација која беше објавена од неколку медиуми, утрово во 6:54 ч пишува дека во околината на Велес имало земјотрес. Прецизирано е дека бил со јачина од 2,1 степен по Рихтер, на длабочина од 5 км.   

Епицентарот бил регистриран на координати 41,11 степени северна географска ширина и 22,39 степени источна географска должина, во областа на централна Македонија, во близина на Велес. Информацијата нема извор од каде е преземена.

По проверка на фактите состојбата е следна. 

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ денес четврток 9 јули нема регистрирано земјотрес на територијата на Република Македонија. Последен е тој од 3 јули во Охрид. (види фото)

Ниту  Euro-Med Seismological Centre (EMSC) на нивната веб страница нема податок дека во Велес денес имало земјотрес. Последен кој тие го регистрирале а е во близина на Велес  е од 2024 година.

АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »