Петар Печков
Објавено: вторник, 31 март 2020
На последната седница на Советот на Општина Велес беа избрани новите раководство на две локални манифестации, Рациновите средби и Фолклорниот фестивал Велес.
За културната манифестација Рацинови средби именувани се за претседател, градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски и членови- проф. д-р Кристина Николовска, проф. д-р Људмил Спасов, проф. д-р Гоце Ристовски и Стефани Андреевска.
За претседател на Фолклорниот фестивал Велес е именуван Гоце Алексовски а за членови се Бесим Ахмедов претставник на Здружението Бирлик, Борис Петрушевски претставник на КУД Керамичар, Тоше Јакимовски претставник на КУД Коле Неделковски и Сашко Анастасов од КУД Вила Зора.
Новите раководства беа избрани со мнозинство гласови и се со мандат од две години. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ поради долгогодишното искуство како претседател во организацијата на досегашните фолклорни фестивали, побара да биде ангажиран и Томе Јаневски да биде дел до организациониот одбор.
Претседателката на комисијата за мандатни прашања и именувања, Весна Стојанова Богоевска објасни дека од стана на КУД Керамичар за нивен претставник во организациониот одбор предлог бил предложен Борис Петрушески, додека за претседател Томе Јаневски, па во гласањето Јаневски не доби поддршка.
Tweet |