Петар Печков
Објавено: среда, 18 април 2012
Многу врева меѓу велешани крена пладневното слетувањето на полицискиот хеликоптер на Градскиот стадион во Велес. Ова предизвика чудење и интерес, бидејќи ваков нешто досега се нема случено. Сепак информациите велат дека во градов бил индиски бизнисмен, што го потврдија и од локалната власт на општина Велес. Тој во градов престојувал со претставници на Владата одговорни за привлекување на странски инвестиции.
Попладнево во посета на локалната власт на општина Велес беше индиски бизнисмен, кој престојува во Македонија. Тој оствари средба со градоначалникот на Велес, Горан Петров при што беше запознаен со можностите за инвестирање во општина. Потоа на гостинот, на Градскиот стадион дел од велешкиот фудбалски подмладок им ги покажаа нивните вештини. Од таму со хеликоптер и си замина за Скопје - изјавија од локалната власт на општина Велес. Почитувајќи ја желбата на гостинот од Индија, домаќините со хеликоптер на МВР денес го донесоа во Велес. Како дојде, гостинот така и замина со хеликоптер.
Tweet |