Петар Печков
Објавено: четврток, 05 ноември 2026
Пет филмови се на репертоарот на Киноверзум Велес, меѓу нив и три премиери.
Светската премиера и во Велес на индискиот мегаспектакл „Рамајана“ работен според истоимениот еп. Филмот е најскаиот индиски досега, со вложени 500 милиони долари. Пред гледачите е исклучително привлечна, возбудлива и спектакуларна индиска епска мелодрама. Приказната е за благородниот принц Рама – кој се заколнува дека ќе поведе војна против далечниот град каде што е киднапирана неговата сопруга. Индиски одговор на годишаниот филмски хит „Одисеја“ кој досега заработи 1,2 милјарди евра и британскиот „Господар на прстените“.
Bтората премиера во Киноверзум е трилерот „Дивиот коњ број девет“ со ѕвездена актерска екипа -Сем Роквел, Том Веитс, Џон Малкович, Стиви Бушеми. Непосредно пред воениот удар во Чиле во 1973 година, двајца долгогодишни оперативци на ЦИА добиваат налог да го напуштат Сантијаго и заминуваат на зафрлениот Велигденски остров. Опкружени со величествените камени скулптури и во сенка на сè подлабоката политичка криза, тие се принудени да се соочат со сопственото минато, неразрешените односи и со опасниот заговор што се заканува да прерасне во смртоносна пресметка. Кога едниот од нив ќе развие неочекувано пријателство со две бунтовни студентки, нивната мисија се претвора во низа непредвидени настани што засекогаш ќе им ги променат животите.
Третата премиера во Киноверзум е за анимираниот „Мачорот со шапка“. Современа анимирина интерпретација на класиката на д-р Сус од 1957 година, која ни носи сосема нова епска авантура. Кога во домот на две деца неочекувано ќе влезе ексцентричниот и шармантно непредвидливиот Мачор со шапка, нивниот мирен ден се претвора во весела авантура исполнета со чудесии, хаос и фантастични изненадувања. Со своите ѓаволштини и неисцрпната досетливост, тој го превртува светот наопаку, а среде шарениот метеж децата ја откриваат силата на креативноста, храброста и заедништвото.
Се прикажува и хоророт „Друга мама“. Бела, осумгодишно девојче кое живее во семејство со брачни проблеми, се соочува со злокобен ентитет што излегува од нејзиниот плакар. Застрашувачкото присуство, кое таа го нарекува „Другата мама“, станува сè поголема закана за неа и за нејзиното семејство.
На репертоарот е и хоророт “Глинено лице“, Менувачко суштество направено од магична глина го прогонува Готам Сити, наизменично појавувајќи се како непријател и сојузник на Бетмен. Низ годините, повеќе трагични ликови ја носеле улогата на Клејфејс.
| Tweet |




