речник контакт

Индијана Џонс од нашиот сокак или златна треска ги тресе велешани

Од работници до интелектуалци, млади и стари, вработени и бадијалџии, златари и таксисти, доктори и инжињери, таков е профилот на македонскиот Индијана Џонс кој трага по закопаното богатство.

Петар Печков

Од работници до интелектуалци, млади и стари, вработени и бадијалџии, златари и таксисти,  доктори и инжињери, таков е профилот на македонскиот Индијана Џонс кој трага по закопаното богатство. Сите тие, меѓу нив и бројни велешани, веруваат дека тука некаде околу нас, се наоѓа благото кое чека да биде откриено токму од нив по многувековен сон.

- Никогаш не се знае што човек може да пронајде а златото постои закопано во земјата. Македонија е богата со вакви предмети само треба да се најде вистинското место – вели велешанец кој долги години се бави со пронаоѓање на старо злато. Тој е уверен дека еднаш ќе успеее во животот, по што тој ќе му се смени на подобро.

И додека сирмашните го бараат за со малку пот да најдат спас од немаштијата, за побогатите тоа е авантура и зголемување на адреналинот во крвта. Некои се опремени со апарати за лоцирање на злато, остручени да најдат надеж  за натамошна работа. Трагачите се во потрага по два вида богатство, од турско и од римско време. Стравуваат од турскатa анатема, бидејќи кога тие бегале од овие краишта, нашите трагачи уверени се дека е оставено многу злато кое требало турците да го земат кога ќе се врат, и затоа го проколнале доколку друг го најде.  

Од златото од римско време стравуваат од разни опијати  кои биле поставувани во близина, како чувари на богатството. За да се стигне до него се копа, се спуштаат во пештери и јами, се нурка во вода.

- Иако се физички неподготвени за ваков напор, тие ќе дадат се од себе да дојдат до претпоставената цел. Мислат дека можат се да сторат, па често и се повредуваат во нивната потрага, но и покрај тоа што не се успешни не се откажуваат – вели велешанец алпинист и спелеолог од кога често бараат помош при спуштањето во пештери или јами. За да дојдат до богатството бараат по ѕидовите знаци кои треба да ги доведат до целта а соработуваат со нивни сродни души од Балканот.  Нивен квалитет е истрајноста, а таков е примерот на велешанка чија напуштена родна куќа во велешкото село Стари Град е неколку пати ископувана

- Пет пати е копано во и околу куќата а исто толку пати имаме пријавено во полиција за настанот, но досега никој  не е откриен. Како е можно среде бел ден да работат а никој да не ги види кој луѓе  се – се чуди Н.Н. Таа ја раскажува приказната дека нејзиниот дедо како селски кмет ги примил на чување 12-те ќупови злато од турците кога бегале, приказна која ја знаело цело село по што смета дека нејзината куќа е цел на трагачите на закопаното богатство.

Освен митови и легенди, каде е ?окриено златото на пазарот се бараат мапи со локацијата на богатството. Еден таков случај од пред три години во велешко заврши и со убиство кое остана нерасветлено до крај, бидејќи осомничениот почина во текот на судењето. Делото предизвикуваше голем интерес бидејќи во него беа вмешани како сведоци бројни златари, луѓе-авантуристи, странци, чија страст било изгубено богатство низ Македонија. Убиениот Вукашин Каевски и осомничениот биле пријатели кои интензивно се дружеле  а ги поврзувала страста кон скриеното богатство. Мотив за убиството според обвинението беше што осомничениот барал од Каевски да му ја даде мапата од локацијата Шупљи Камен каде наводно имало закопано злато а за која интерес покажале повеќемина златари.

Пасијата кон авантура и закопаното злато е се повеќе присутна во Македонија, а ако ништо друго надежта за подбро утре преку ноќ, на некои луѓе никој не може да им ја одземе. Иако сите тие знаат за „некој друг“ што нашол многу богатство, но не и тие.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »