Петар Печков
Објавено: петок, 20 април 2007
Шумската инспекција затвори две приватни складишта во Велес по извршената проверка на три за потеклото на дрвата во нив. Кај нив е пронајдено дрво, кое е сечено на диво без дозвола.
- При контролата на складиштата во градот констатиравме дека кај некои од нив има нежигосано дрво , што е во спротивност со законската процедура. При извршените проверки само 10 до 15 проценти е жигосано дрво, наспроти законскиот минимум од 80 отсто. Поради ова дрвото ќе биде одземено а против сопствениците и одговорните лица ќе бидат поднесени прекршочни пријави - изјави Марјан Мицев раководител на секторот државен инспекторат за Шумарство и лов.
Ова нивна акција е реализирана со пазарната инспекција и таа ќе продолжи со сите складишта во градот и околината. Се проценува дека при оваа акција ќе бидат одземени 150 метри кубни огревно дрво. Тоа е бесправно исечено во шума по што се конфискува.
- Според наши проценки ова бесправно сечено дрво е од дивите складишта во селото Бузалково и тоа е слеано во Велес. Вакви акции ќе продолжат и ќе дадат ефект - изјави Звонимир Јаневски командир на шумската полиција Скопје.
Според него малиот број на шумски полицајци во велешко, четворица кои покриваат голема површина е причина дрвото да се сече надиво. Поради ова е укинат е и пунктот на планината Бреза, кој фунционирал добро, по што голем дел од шумите на оваа планина се опустошени.

Tweet |