Зоран Николов
Објавено: четврток, 24 ноември 2005
Интел во соработка со Фендер, еден од најголемите произведувачи на гитари и опрема наменета за музичари, се обидоа да направат електрична гитара со која што ќе можат музичарите да се поврзат на интернет. Концептот на оваа сурф-гитара го редефинира поимот \\\"музика во движење\\\". Освен класичното свирење најавениот Fender Telecaster им омозможува на гитаристите сурфање на интернет за време на паузите при свирењето, учитување и репродукција на акорди и рифови со поединечни светски музичари, односно префрлање на одредени ефекти директно од компјутер, со што би го постигнале токму оној правиот звук. Во оваа гитара е вграден Интел Центрино Мобиле процесор кој што на корисниците им овозможува испраќање на е-меил пораки, пребарување преку интернет и барање на инспирација и акорди. Ако сте на пример вечерта на некоја свадбена свеченост, а сте ги заборавиле акордите на песните кои што ги нарачал кумот, ќе ги побарате на интернет. Од интел сеуште нема службена најава на оваа гитара, но едно е сигурно - поминаа 40 години откако одредени калифорниски музичари го смислија звукот на сурф гитарата, Интел го создава она што можеме да го наречеме новата генерација на сурф гитарите.
Tweet |