Т.Р.М.Р.: Какво кафе да ставам? Ф: Средно. Од трите подолгото. Т.Р.М.Р.: На кого си ти бе? Ф: На Вангел син му електричарот. Т.Р.М.Р.: Татко ти мајка ти кај работат? Ф: Татко ми не работи, мајка ми у општина. Т.Р.М.Р.: Кај учиш? Ф: Средно уметничко. Трета. Т.Р.М.Р.: Да не оставаше некоја? Ф: Ц’к. Неам намера. Т.Р.М.Р.: Шо си у хороскоп (ради обожавателиците)? Ф: ... Девица... ОВЕН, ОВЕН, ОВЕН!!! Т.Р.М.Р.: Кога почнавте да чачкате музика ово-оно? Ф: По војната девесточитириестрета у реформите мењање политики влади мади ние бевме многу изреволтирани разочарани од системот и решивме да праиме музика и да кренеме револуција... у младински беше нашата револуција... а да, графитите се наши у младински. Т.Р.М.Р.: ВИЕ ЛИ СТЕ ТИЕ? Сеа ќе ве кажам на Перо стражарот... Кажи ми кој е најстар, а кој е невин во Адреналин? Ф: Само еден вин има (ХАХАХАХА у позадина), ама најстар е Боката, старудија, најмал(а) е Маја... толку негде метропетшеесе... Т.Р.М.Р.: За бендот, албумот, иднината... Ф: Бендот прави нови песни, албумот се чека на ред... Т.Р.М.Р.: Значи албумот е вклопен во иднината? Ф: Да. Беше иднина, премина во сегашност па минато. Иначе да се пофалам for the record дека промоцијата ја спремивме за два дена, и плакати и цедиња, беше на базен во Велес, имаше стотина удавени... Т.Р.М.Р.:Инспирација, филозофија на музиката? Ф: Ај бе не ме прашај така, ме мрзи да мислам сега. Т.Р.М.Р.: Не си спремен за овој час. Ај за прелазна: имаш ли идоли? Ф: Брат ми (Ангел Коруновски, за неинформираните) Т.Р.М.Р.: Ако продавам гитара, компјутер и пиштол и ги продавам за иста цена, што ќе земеш? Ф: Компјутер. Гитара имам. Пиштол... не. Т.Р.М.Р.: Емпетри музика собираш? Ф: Да, многу. Т.Р.М.Р.: А кога ќе бидеш славен, ќе се лутиш ли ако ти ја компресираат музиката? Ф: Не. Да сме здрави и живи сеа, шо можам да променам околу тоа? Т.Р.М.Р.: Филмчиња DivX? Ф: Finding Nemo. И Ice Age. Т.Р.М.Р.: Каде на факултет? Ф: На академија. Стара скопска чаршија, кај браќата. Т.Р.М.Р.: Би сменил ли нешто во општествово? Ф: Многу. Па цел систем би го мењал, мало мовче би го префарбал... Т.Р.М.Р.: Колку луѓе сте во групава? Ф: Пет грла. Бевме шест, едниот клавијатурист шо беше го избркавме... не го избркавме сам си отиде, а требаше да го избркаме. Неозбилност, знаеш. Јас гитара, Маја пее, Боката свири бас, Шеќерот чука и Јосе свири гитара. Т.Р.М.Р.: Шо чука Шеќерот, некои риби или...? Ф: Бубњеви по скопски. Т.Р.М.Р.: Мажуретки имате ли? Ф: Немаме. Уствари Коте (БИГ БОЈ). Ако сакаш да гледаш, качи се на Коте. Кога има шутка, он ги шутка сите. Коте ја сака шутката. И шутката го сака Коте. Т.Р.М.Р.: Што би било зенит за Адреналин? За Македонија реално? Ф: Па нормално знаеш. Т.Р.М.Р.: Абе не кажа кој е невин во Адреналин? Ф: Три точки. Т.Р.М.Р.: Во своја одбрана шо ќе кажеш? Ф: Невин сум :))))))))) Т.Р.М.Р.: А ако ти ѕвонат девојчиња у три саатот ноќе, ова кога ќе бидете славни, ќе им одговараш ли? Ф: Само ако е Маја, на друг не. Т.Р.М.Р.: Електронска музика? Ф: Транс не, друго се наоѓа. Orbital на пример. Т.Р.М.Р.: Мило ми е, Zorbital. Ф: Еее, па сум читал од тебе. Филип Коруновски, мило ми е. Т.Р.М.Р.: Зошто Коруновски, знам братучед ти беше порано Стојановски, па го промени? Ф: Прадедо ми се викал Стојан и кога го прашале во војната како се вика, Стојан сум, на кој си ти, кажал незнам шо таму Коруновски, и писарот бил пијан и пишал Стојановски. Т.Р.М.Р.: Знам, баба ми е мулти-нејмс: Петрија, Павлина, Параскева, Пара, П... Овај, може ли еден албум да добијам од вас? Ф: Од Панини, Покахонтас? Т.Р.М.Р.: Ај да не го праам емпетри. Само за мене. Ф: Договорено. Фала на АНА за кафето! ЗоРБиТаЛ феатуринг Фипе оф Адреналин Симнете си го албумот на Адреналин [url=tirekovmirece.com/mp3/Adrenalin - A.zip]оттука[/url].