речник контакт

Интерес има, но во Велес не е вакциниран ниту еден пациент со трета доза вакцина за заштита од ковид-19

Започнаа да се евидентираат и македонските граѓани кои се вакцинирани во странство

Петар Печков

Има интерес за трета доза вакцинација, која започна од денес, но ниту еден пациент не ја примил. Оваа вакцинација се однесуваше за лица над 60 годишна возраст, за здравените работници и лицата со хронично болести проследени  со имуно супресија.

„Дојдоа повеќе лица кои примиле две  дози вакцини против кoвид-19, но тие не ги исполнија условите. Тоа беа лица над 60 годишна возраст, но не се минати шест месеци од втората доза.  Здравствените работници треба да покажат и потврда дека се вработени во одредена здравена установа. Од денес започна и евидентирањето на лица кои примиле вакцини во странство, Бугарија, Србија, истите да бидат внесени во македонскиот систем“ - кажа д-р Марина Тодоровска координатор на вакцинален пункт во Уред.    

За оваа постапка дошле повеќе велешани кои освен вакциналниот пасош покажале и документ за лична идентификација. Меѓу овие лица бил и велешанец кој во САД е вакциниран со „Модерна“ но бидејќи истата не е регистрирана вакцина во Македонија, тој не бил внесен во системот дека примил две дози.  

Продолжува и вакцинирањето со прва доза со „Фајзер“ денес биле аплицирани 41 вакцина, додека многу мал е бројот на лица на возраст над 60 години кои се вакцинираат со прва доза или втора доза „АстраЗенека“.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »