речник контакт

Интернационалецот Димитриевски премина во Унгарски Чургои

По настапите во Катар и Шпанија, Димитриевски ќе игра во Унгарија

Петар Печков

Велешкиот ракометар, македонски интернационалец, Дарко Димитриевски,  следната сезона ќе настапува во Унгарскиот прволигаш Чургои од истгоимениот град. Откако сезона и половина  настапуваше во АСОБАЛ, шпанската ракометна  лига, Димитриевски се реши да ја промени средината и да игра во Унгарија.  Се надева и очекува дека преку Чургои  ќе стигне од  член  на  репрезентација.

 Екипата на  Чургои наесен ќе игра во ЕХФ купот, што за мене беше мошне, важно да играм на меѓународна сцена. Новиот клуб има високи амбиции, да биде зад Пиг Сегед и Веспрем  Потоа добив одлична финансиска понуда која не можев да ја одбијам. Згора на тоа во Унгарија се игра поцврст ракомет, кој мене повеќе ми лежи - вели Димитриевски (22 год), кој игра на позицијата лев и среден бек.

Со новито клуб тој потпиша договор една плус условно една година. Тој со 18 години  ја напушти Македонија,  од Куманово со кого има играно во ЕХФ Купот, замина во Катар, каде играше година и пол, од каде премина во Шпанија за од есен да игра во Унгарија.  

Презадоволен од приемот и настапите во последниот тим од Шпанија каде играше за Адемар Леон, но објаснува дека ги сака предизвиците на нова средина и ново  докажување, поради што од есен ќе игра за ,,црвениот дрес,, на Чургои. До заминувањето  20-ти јули во Унгарија Димитриевски максимално го користи времото да се одмори  во родниот Велес, но и да летува во Грција.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »