Петар Печков
Објавено: четврток, 26 ноември 2020
Интерното одделение,„Б“ тракт од велешката Болница, кое еден месец беше ковид центар, од денес е повторно наменето само за пациентите кои ги лекува интерната медицина. Така по ова, за пациентите позитивни или сомнителни на ковид-19 во болницата има 78 кревети, на Инфективно 54 и 24 на Физикално одделение.
Интерно одделение официјално не е ковид одделение, каде само се прифаќаат пациентите кои имаат потреба од дополнително лекување а кои веќе имаат негативни тестови. Од пациентите кои се хоспитализираат на Интерно поради други болести а во меѓувреме се тестираат и се ковид позитивни, лекувањето го продолжуваат на Инфективното одделение - кажа д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на велешката Болница.
Близу хелидромот од Болницата во тек е ископот за земја и подготовка на теренот, каде ќе се гради монтажна ковид болница,во која ќе можат да се згрижат 45 пациенти.
Tweet |