Петар Печков
Објавено: петок, 03 февруари 2023
Нема да се хоспитализираат пациенти на Инфективното одделение при Велешка Болница. Оваа времена одлука е поради намалениот број на пациенти, намелениот број на здравствен персонал и лошите услови за работа и престој. Ова одделение ќе работи во наредниот период амбулантски, како дневна болница.
„Инфективното одделение ќе функционира со амбулантска работа, во прва и втора смена, ќе работи и преку викендите. За пациенти се грижат двајца инфектолози а во зависност од возраста, ако има потреба од болничко лекување ќе бидат згрижени на Инертно одделение или Педијатрија. Причина за ваквата времена одлука е намлениот обем на работа, заминувањето во пензија на еден од инфектолозите и проблемите со греењето“ - соопштија од ЈЗУ Општа Болница Велес.
Претходниот период имаше реакции за лошото греење во овој објект, кој е одвоен од зградата на болницата. Температурите во просториите и болничките соби се ниски за работа и за персоналот и за престој на пациентите. Поради тоа едниот кат од зградата беше забранет за користење.
На повеќе одделенија од болницата, се чувствува недостаток на медицински сестри. За подобра организација во работењето на болницата, како и настанатиот проблем со недостаток на среден персонал, медицински сестри, се прави прераспределба од Инфективното кон други одделенија, каде тие недостасуваат. Инфективното одделение имаше капацитет од 56 кревети. Во него освен од Велес се хоспитализираа пациенти од Свети Николе, Кавадарци и Неготино.
Ниту по два месеци од поставеното прашање, Министерството за здравство не одговара зошто не се активира монтажната болница во Велес,која стои празна и дали и кога се планира да се започне со реконструкција на Инфективното одделение која требаше да започне пролетта 2020 но по корона пандемијата, таа е сопрена.
Tweet |