Петар Печков
Објавено: понеделник, 02 ноември 2020
Инфективното одделение во Велешка Болница е без малку е полно, има хоспитализирано 52 пациенти а капацитетот е 54 легла. Поради ова дел од пациенти се сместени и на Интерното одделение.
Има уште два слободни кревети на Инфективно, каде 44 пациенти се потврдени позитивни а осуммина се сомнителни. На Интерното одделение имаме еден пациент кој е позитивен и четворица сомнителни, со изразени симптоми и чекаат резултати. За надминување на состојбата се работи на оспособување на Физикалното одделение од Болницата - изјави д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на оваа здравствена институција.
Од вчера таму има заразени медицинска сестра на одделението за уво, нос и грло како и една хигеничарка. Отежната е работата и на Итната помош каде има една докторка, една медицинска сестра но и возач и кој е позитивен, а други се во самоизолација.
Tweet |