Петар Печков
Објавено: вторник, 16 март 2021
Уште пет слободни кревети на Инфективното одделение од велешка Болница. Денес според информацијата од оваа здравствена институција, таму има хоспитализирано 50 пациенти а десет се на Инфективно одделение, или вкупно се 60 лица, позитивни сомнителни или негативни но со здравствени проблеми од ковид-19.
Од лежечките пациенти 49 се потврдени позитивни, двајца се сомнителни и девет пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 21 пациенти. Испишан е еден пациент како негативен со еден негативен тест.
Сите пациенти позитивни на ковид-19, на Инфективно одделение во Општа Болница - Велес, се од велешко,: од Велес се 43, од Лисиче двајца, и по еден од Градско, Раштани, Караслари, Црквино и Чашка.
Вчера понеделник , според Институтот за јавно здравја се регистрирани само 25 нови случаи на лица позитивни на ковид-19, а оздравени се 24 пациенти. Така активни случаи во велешко се 314 а досега се заразиле 3.782 лица.
Починати од последиците на корона вирусот во велешко е 118 случаи.
СВР Велес информираше дека за непочитување на забраната за движење за време на полицискиот час евидентирано е едно лице во Велес., против кое ќе следува соодветна мерка.
Tweet |