речник контакт

Инцидент во Маркард се запалил кабинет, од компанијата велат немаше загрозено вработени и имот

Инцидентот предизвикал ограничена материјална штета, која се проценува и санира

Петар Печков

За денешниот инцидент во фабриката Макрард, од известувањето на ТППЕ Велес и од соопштението на компанијата. 

„Територијална Против Пожарна eдиница Велес доби повик во 11,20ч за пожар во фабриката Маркардт и  излезе на лице место со противпожарно возило и тројца пожарникари спасители. По пристигнување на лице место констатирано е дека горел ормар за струја од соларен систем, истиот е изгаснат од страна на вработените, од наша страна извршено е проверка“ – информираа од ТППЕ Велес. 

Соопштението на Маркард за овој инцидент во продолжение во целост. 

Компанијата Маркарт Македонија ја информира јавноста дека денес во производствениот објект се случи помал технички инцидент, кој резултираше со запалување на еден електричен кабинет. Благодарение на брзата и координирана реакција на вработените и надлежните служби истиот беше навремено локализиран и целосно ставен под контрола.

Веднаш по забележувањето на инцидентот беа активирани интерните безбедносни процедури и протоколи, при што беше постапено согласно највисоките стандарди за заштита и безбедност. Благодарение на подготвеноста и професионалноста на тимовите на компанијата, ситуацијата беше успешно менаџирана.

Сакаме јасно да истакнеме дека во ниту еден момент не беа загрозени безбедноста и здравјето на вработените, ниту постоеше ризик за околината.

Инцидентот предизвика ограничена материјална штета, која веќе се проценува и санира. Производствениот процес на компанијата ќе продолжи по санација на истата.

Како компанија која безбедноста ја поставува како еден од своите највисокиприоритети, Маркарт Македонија континуирано инвестира во системи, процедури и обуки насочени кон превенција и навремено справување со вакви ситуации. Настанот уште еднаш ја потврди ефикасноста на воспоставените безбедносни механизми и подготвеноста на нашите тимови да реагираат брзо и професионално. Им благодариме на сите вработени и на надлежните служби за нивната навремена реакција и посветеност.

Компанијата ќе продолжи транспарентно да ја информира јавноста и останува цврсто посветена на обезбедување безбедна работна средина и непречено одвивање на своите деловни процеси.

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »