Петар Печков
Објавено: вторник, 10 април 2012
158-то издание на традиционалната трка на двата англиски универзитети ја одбележа несекојдневен инцидент. Во текот на трката, чамецот на Оксфорд за малку не удри пливач кој од непознати причини се најде во реката Темза, во текот на трката а организаторит34 сметаат дека тоа го сторил со цел да предизвика инцидент.
Судијата наредил нов старт за половина час, но и во втората трка се случил инцидент. Во текот на веслањето, по само една минута, дошло до контакт на веслата од двете посади а подебелиот крај го извлекол веслач студент од Оксфорд, на кому му се скршило веслото. Но трката продолжила.
Во завршницата на трката посадата на Кембриџ е во жесток спринт за неколку должини го победила големиот ривал од Оксфордскиот Универзитет. Тие вложиле жалба, која е одбиена. По оваа победа Кембриџ води со 81 победа против 76 на Оксфорд.
Tweet |