Петар Печков
Објавено: среда, 17 јануари 2024
Посетители на ТрМр посочуваат за нова сеча на дрвја и тоа во месноста Трите дола, кај Дервен. Исечени биле десетици дрвја покрај патот но и во внатрешноста од месноста, каде има бројни лозја.
„Бев да го видам лозјето и кога на мое огромно изненадување видов исечени десетици дрвја. Сите се покрај патот, кој е суводолица но има и внатре сечено дрвја. Не би можел да посочам кој е сторителот и зошто, но надлежните мора да поведат есап, да почнат да контролираат и во овој дел“ - вели велешанец, кој во Трите дола има имот.
Претходно рекреативци реагираа дека е исечена дел од шумата со чемпрес, засадена пред 40 години на ридот Св. Илија.
Tweet |