Петар Печков
Објавено: недела, 01 јануари 2023
Измината новогодишна ноќ минала исклучително мирно.Ова го потврдија дежурните служби и докторите од Велешка болница.
На хирургија немало пациенти кои барале помош или им била неопходна поради повреди здобиени од сообраќајка или тепачка. Мирно било и на Интерното одделение.
Таму е донесен единствено еден 15 годишник, поради тоа што бил во алкохолизирана состојба. Дадена му е неопходната помош и ток е во добра состојба. За разлика од некои претходно години, ноќеска немало прејадени.
Немале ургентни случаи ниту на Детското одделение од болницата.
Tweet |