Петар Печков
Објавено: вторник, 05 ноември 2013
Скршена е двојазичната спомен плоча на Андреја Петкович, македонскиот деец, поет, дипломат и преведувач. Таа беше поставена во април месец минатата година во Риека -Хрватска. Инцидентот е потврден во риечката полиција, која објаснува дека засилено работи на пронаоѓање на сторителот. Се истражува дали е вандалски чин или пак случајност. Спомен плочата беше поставена на зградата каде работел и живееле Андреја Петкович.
Ова обележје беше во центарот на Риека на популарното Корзо. Спомен плочата беше на висина од 2,5 метри, што зборува дека сторителот имал намера да го скрши, но чудно е што никој не го видел настанот оти плочата е поставена на една од најфреквентните улици во овој Истарски град. Хрватскиот весник ,,Нови лист,, пишува дека можеби причина е пресметката околу кирилицата која овој период е актуелна во Хрватска а дел од текстот на неа е напишан и на македонска кирилица. Градоначалникот на Велес го осуди инцидентот.
Без оглед кој е мотивот, овој чин го осудуваме. Ќе стапам во контакт со колегата Обрснел од Риека. Очекувам дека наскоро повторно ќе биде поставена целосно нова плоча на Петкович во Риека. Но пријателството меѓу хрватскиот и македонскиот народ не може да биде нарушено со ваков инцидент – изјави велешкиот градоначалник Чадиев.
Осуда стигна и од Градоначалникот на Риека Војко Обрснел Кршењето на спомен плочата го осуди и почесниот конзул на Македонија во Риека, Горан Калоѓера како и Македонската заедница во Риека.
Риека е град на толеранција и доколку е тоа вандализам остро го осудувам. Очекувам дека полицијата бргу ќе го најде сторителот Ако некој го сторил со намера, тоа не е став на жителите на Риека. Во секоја заедница има вандали кои своите ставови ги изразуваат со насилство и деструкција – изјави Обрснел за хрватските медиуми.
Спомен плочата е донација на градот Риека, која со оваа спомен плоча му оддава признание на помладиот брат Петкович, бидејќи тој донирал пари и помагал за развој на културата во овој Хрватски град но и за помош на сиромашните и изградба на инфраструктура.
Вистинска реткост е да се најдат биографски податоци за Андреја Петкович, за кој се знае дека е роден во 1837 во Башино Село близу Велес а умрел 1897 година во Санкт Петерсбург. Бил студент во Одеса, од каде заминува во Петроград, каде по завршувањето на студиите станува професионален дипломат, исто како и неговиот постар брат Константин Петкович.
Иако живеел во Русија пишувал песни на македонски јазик а најзначајна е неговата ,,Глас од далека земја,,. Прв ги преведува и басните на Крилов од руски на македонски. Андреја Петкович е од редот на тогашните македонски просветители: Јордан Хаџи Константинов Џинот, Рајко Жинзифов, Григор Прличев, Марко Цепенков, браќата Миладиновци. Неговиот постар брат Константин исто така бил професионален дипломат и тој бил 15 години руски конзул, но во Дубровник.
http://www.novilist.hr/Vijesti/Rijeka/Razbijena-cirilicna-ploca-u-Rijeci-posvecena-makedonskom-prosvjetitelju-i-diplomatu
Tweet |