Петар Печков
Објавено: понеделник, 04 јули 2022
Изминатиот викенд уништена е урбана опрема, во околината на езерото Младост, крај Велес. За ова реагираа од ЈКП Дервен, кој се грижи за нејзиното одржување.
„Вандализам на езеро Младост. Искршени се пет летниковци и украдени се неколку прскачи за наводнување“- соопштија од ЈКП Дервен.
Во овие жешки денови, крајбрежјето на езерото е полно со излетници, посебно во вечерните часови, преку викенд. Од ЈКП Дерен најавија дека ќе извршат санација на уништените летниковци, но и ги потсетија посетителите дека таа е платена со пари од граѓаните исто како и нејзиното одржување. Апелираат за поголема свест и цивилизиран однос кон создаденото.
Tweet |