речник контакт

Исплатени парите за избирачките одбори од изборите пролетва

Пари добија околу 750 лица

Петар Печков

Исплатени се парите за избирачките одбори и Општинските изборни комисии од пролетните двојни избори, претседателски и парламентарни. Тие легнаа на околу 750 лица,  во велешко тоа се 74 избирачки  места по 10 члена и 10 члена   на ОИК, вкупно 750 лица  кои чекаа пари.

 Министерството за финансии, парите ги префрли на сметките на лицата, чии хонорари се определени од ДИК. Тие се исплатени во периодот од 15-ти до 20 ноември. Парите ги добија и избирачките одбори и комисии од соседните општини Градско, Лозово и Чашка.

Има одделни случаи, каде според објаснувањата на  надлежните парите не легнале, поради техничките пропусти со матичниот број и бројот на трансакциската сметка.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »