Петар Печков
Објавено: вторник, 19 декември 2017
Општина Велес ги исплати парите за Општинската изборна комисија и избирачките одбори, кои ги организираа и реализираа локалните избори есенва. Тие биле исплатени мината седмица. Средства добија 830 членови на избирачки одбори, 10 на ОИК и две технички лица. Општината исплатила 2,724 милиони денари.
И покрај големите долгови од 2,7 милиони евра, обврската за надоместок за членовите на избирачките одбори ид ОИК, Општина Велес навреме ја изврши. Исплатени се пари и за материјалните трошоци - изјавија од локалната власт на Велес.
Додаваат дека можно е да има одделни, поединечни случаи парите да не биле стасани, каде според објаснувањата на надлежните, причина се техничките пропусти со матичниот број и бројот на трансакциската сметка.
Законска обврска е општините од нивните Буџети, да ги исплаќаат надоместоците за извршување на локалните избори. Но поради блокирани сметки ДИК на дваесетина општини им помагаше финаниски за да се изведат изборите.
Tweet |