речник контакт

Исплатени членовите на избирачките одбори за ОИК Велес

Општина Велес за ова исплати 3,8 милиони денари

Петар Печков

Од почетокот на неделава на трансакционите сметки на членовите на избирачките одбори во Општина Велес легн аа средствата како надоместок за учество во изборниот процес.

На 840 лица, 84 избирачки одбори со по 10 членови им се префрлени средствата кои им следуваат согласно Законот, како материјален трошок за работа во ИО.

Останува уште да биде исплатен надоместокот за членовите на Општинската изборна комисија.  

За оваа цел од Буџетот на Општина Велес, на сметка на ОИК Велес префрлени биле 3,819.500 денари, информираа од локалната власт.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »