речник контакт

Испусните канали со канализација во река Вардар грда слика по околината и се шири лоша реа

Од локалната власт најавуваат дека наскоро проблемот ќе биде решен

Петар Печков

Трите  испусни канали за отпадните води и канализацијата, кои се од отворен тип се грда слика за околината, но од нив се шири лоша реа по минувачите.

Тие се лоцирани кај детското игралиште во Градски парк, во Дворови и третото е кај галаријата кај Мало мовче. Токму на оваа тема прашањето од советникот Игор Смилев беше, што локалната власт презема за нивно санирање.

„Сме разговарале да се продолжат  каналите за некои 20 метри. Ова се однесува на тој во Паркот и во Дворови, додека кај Мало мовче ќе се регулира со изградбата на кеј од десната страна. Ќе се обидеме овој проблем да го решиме наскоро“ - кажа Марко Колев, градоначалник на Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »