Петар Печков
Објавено: сабота, 24 септември 2011
Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта (“Службен весник на Република Македонија” броj 19/2007 и 10/2010) личните карти издадени пред денот на влегувањето во сила на овој закон ќе важат до рокот на важење кој е наведен во личната карта, но најдолго до пет години од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Сите дополнителни информации граѓаните може да ги побараат на веб страницата на МВР и на веб порталот www.uslugi.gov.mk или да се обратат до подрачните единици на Министерството за внатрешни работи според нивното живеалиште.
Закажувањето за поднесување барање за издавање лична карта граѓаните кои имаат живеалиште во Скопје го вршат преку бесплатниот телефонски број 080019292.
Tweet |