речник контакт

Историската фотографија од пристигнувањето на првиот воз од Солун во Велес не е веродостојна

Дилемата беше присутна и кај дел од јавноста во градот и земјава

Петар Печков

Фотографија која наводно го прикажува пристигнувањето на првиот воз од Солун во Велс на  9 април 1873 година не е веродостојна. Ова го кажа Владимир Петков, првиот човек на  Клубот на љубители на железница во Македонија. Така тој  ја расчисти дилемата за фотографијата, која бише спорна и за дел од јавноста и во градот и во земјава.

„Тоа не е точно. Фотографијата е направена во тој период, но не е од пристанувањето на првиот воз. На неа се гледа дека возот на Стар мост, доаѓа од север и вози во правец кон Градско. Ако е така како што се зборува, дека е од Солун, локомотивата требаше да доаѓа од југ. Присуството на луѓе е поради интересот  кај велешани кое го предизвикувало  доаѓањето на возот“ - кажа Петков.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »