Петар Печков
Објавено: сабота, 12 јуни 2010
Женската фудбалска екипа на Борец е шампион на Македонија во натпреварувачката 2009/10 година. Со победата од 4:1 (4:1) над Победа од Прилеп, во последното коло велешанки стигнаа до првата титула на клубот од неговото четиригодишно постоење.
Четири години градевме нешто и тоа сега вроди со резултат. Им докажавме на сите дека сме подготвени да бидеме прваци тоа се случи и се радуваме на титулата – изјави Валерија Ваљак, капитен на екипата. По 19 одиграни кола екипата на ЖФК Борец е прва со 57 бода, и само еден пораз, недомана во Прилеп
Велешанки имаат импозантна гол разлика 155 : 13 гола. Таа е многу млада по возраст, од 16 до 18 години и на неодамнешното Европско првенство за жени до 19 години, одржано во Македонија од 11 првотимки 8 се членки на Борец.
Tweet |