речник контакт

Истрага за смртта на десетгодишно момче

Ќе се истражува смртта на десетгодишно момче од селото Горно Јаболчиште, откако тоа во петокот било оперирано од слепо црево, а во понеделникот наутро ненадејно починало

Петар Печков

Десетгодишно момче од велешкото село Горно Јаболчитше, вчера утро ненадејно починало во велешката Болница, откако пред два дена тоа е оперирано од слепо црево. Надлежните институции  по реакциите на семејството, уверуваат дека превземаат се да се најде причината за смртта на детето.

Дојдовме да го видиме внучето како е после операцијата во петокот, кога почна да плаче и се жали на големи болки во стомакот. Така беше некое време, по што ги повикавме веднаш докторите, за подоцна тие не информираат дека малиот за жал починал. Неговите родители дадоа согласност за обдукција – изјавија блиските на детето, кои во тие моменти биле на посета.   Од велешката болница информираат дека сите натамошни постапки ќе бидат во рацете на полицијата и обвинителството.

Пациентот пој во петокот бил опериран од слепо црево, во понеделникот претпладне починал после ненадејните болки кој ги добил. Докторите му дале веднаш помош, но тоа не помогнало. Известени  се полицијата и обвинителството кои веќе ги дадоа првите насоки за расветлување на овој случај, тоа е обдукција – изјави д-р Ванчо Граматов, директор на велешката Болница.    

Истовремено  во велешката полиција се уште трае истрагата за бебе старо три дена,  кое пред два месеци ненадејно  почина во истото село Горно Јаболчиште, откако мајката иако малолетна била пуштена да се породи дома.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »