Петар Печков
Објавено: понеделник, 16 јули 2012
На 14 јули велешакта полиција регистрирала дека сограѓанин е исчезнат. Во 22,00 часот во СВР-Велес, Н.Т. Од Велес, пријавила дека на претпладнето во 8 часот нејзиниот сопруг Н.Т.(68 год), заедно со С.Б. заминале за с.Согле - Богомила, со намера да собираат чај. Двајцата на м.в.„Рушевини“ се раздвоиле со договор да се најдат по некое време на 2 км од железничката станица во Согле.
Кога С.Б. пристигнал на договореното место Н.Т. не бил таму, по што околу 16,00 часот го известил неговиот син, кој заедно со мајкаму стигнале околу 18,00 часот на наведеното место. Истите го пребареле теренот, но не го пронашле Н.Т.. СВР-Велес презема мерки за пронаоѓање на лицето.
Tweet |